Средба на градоначалникот со претседателот и членовите на Сојуз на спортови

Градоначалникот Славчо Чадиев денес, го прими претседателот на Сојузот на спортови како и членовите на управниот одбор.

Велес е спортски град со богата спортска традиција. Сликата во спортот се менува на подобро. Како спортски работници изразија благодарност за инвестициите во спортската инфраструктура што се случуваат во Велес во последните 2-3 години како што се: 1. реконструкциите на градскиот стадион со поставувањето на вештачката трева , поставените столчиња и новите соблекувални, 2. изградбата на помошното фудбалско игралиште, 3. новиот тениски терен што пред неколку дена беше пуштен во употреба, 4. инвестициите во спортската сала Гемиџии и новите содржини што таму се внесени како пинг-понг салата, фитнес центарот и други итн. Сите овие инвестиции во спортските објекти значително ги подобрија условите за работа на клубовите, односно за тренинзите и за натпреварите.

Соработката и поддршката од Општина Велес ке продолжи и понатаму. Изминатите неколку години, Општината ги поддржува сениорските екипи со 2.5 милиони денари и дополнителни 500.000 денари за младинските и кадетските екипи - средства за надомест за користење на спортските објекти за обавување на тренинзите на клубовите, а поддржани се и спортисти кои учествуваат на меѓународни натпреварувања. Пред неколку дена Советот ја донесе програмата за активностите во областа на спортот за 2016 година со која повторно се обезбедени овие средства и за наредната година.

Овој воспоставен начин на соработка носи резултати и убедени сме дека ќе продолжи со уште посилен интензитет и во наредниот период. Тоа е за доброто на спортот во градот.