Започна подготовката за рестартирање на фабриката „Еуро Брик“
Денес, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со новите сопственици на фабриката „Киро Ќучук“, македонско-турскатата компанија „Еуро брик“ извршија увид во работните активности за отпочнување на фабриката.
Уште од самата подготовка на оваа фабрика значеше вработување на 30-тина лица кои активно работат за отпочнување на производство со што ке се отворат нови работни места.
Официјалното започнување со производство на оваа фабрика се очекува во почетокот на 2016-та година.