ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ ЗА 2016 ГОДИНА Е РАЗВОЕН СО ГОЛЕМ БРОЈ НА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ И ИНВЕСТИЦИИ КОИ ЌЕ ОДГОВОРАТ НА БАРАЊАТА И ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
Општина Велес го изготви предлог-буџетот за 2016 година. Тој тежи нешто повеќе од 906 милиони денари. Истиот ќе биде ставен на гласање на следната седница на Советот на Локалната самоуправа. Предлог буџетот веќе е јавно објавен и достапен за сите граѓани како и за оние кои следната година ќе користат буџетски средства.
-„Oвој буџет е рзвоен со голем со голем број капитални проекти кои одговараат на барањата на потребите на граѓаните на Велес. Целата постапка е максимално транспарентна и во него с евградени голем број на прелози и проекти од урбаните и месни заедници. Во буџетот за 2016 година се предвидени работи што ќе се реализираат во сите делови на општината.“, - истакна на пресконференција градоначалникот Славчо Чадиев.
Според градоначалникот Чадиев, предлог буџетот е развоен и истиот одговара на барањата и потребите на граѓаните. Претходно, на средби во месните заедници но и на јавните расправи кои ги организираше Општината, граѓаните имаа можност да дадат свои предлог проекти кои би биле дел од работните програми веќе во следната година. Се работи за барања од повеќе области во општественото живеење. Усвоени се сите оние кои се проценети дека се од големо значење и се приоритетни да се реализираат. Во буџетот се предвидени проекти кои освен градската, ги опфаќа и руралните средини.
Како едни од клучните проекти на кои ќе се работи следната година се проектот за затворен градски пазар, изградба на кружен тек на клучката пред Башино село, водоснабдителен систем за селата Чалошево, Дорутовец и населбата Трпезица како и изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Башино село.
Набројаните проекти, но и сите останати од програмите за работа на општината кои се дел од Предлог-буџетот на општината за 2016 година како што истакна градоначалникот Чадиев ќе донесат долгорочен развој и подобрување на условите за живот на граѓаните. Општина Велес и во наредниод период останува посветена на реализација секоја добронамерна и корисна идеја од страна на граѓаните.