ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЛЕТНИКОВЕЦ И РЕКВИЗИТИ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДИТЕТ ВО МЛАДИНСКИОТ ПАРК
Денес се изврши промоција и се пушти во употреба летниковец и реквизити наменети за лица со инвалидност во Младинскиот парк во Велес. Активноста е дел од проектот „Меѓуопштинска соработка за обезбедување грижа на ранливи групи во општините Велес, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман" кој што е финансиски поддршан од Програмата за развој на ОН - УНДП како и од општините Велес и Кавадарци.
Согласно овој проект, во претстојниов период предвидени се и уште четири други летниковци од овој тип во останатите партнерски општини да бидат пуштени во употреба. Претседателот на Советот за развој на ВПР воедно и градоначалник на Општина Велес м-р Славчо Чадиев заедно со Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев и официјално ги пуштија во употреба овие реквизити и летниковецот и го заокружија овој проект за успешно реализиран, притоа најавувајќи уште еден проект во областа социјала, кој што е во завршна фаза на одобрување од страна на УНДП во Македонија.