Велешката трпеза „ГЕМИЏИИ“ на манифестација во Демир Капија
Големиот христијански празник Св. Трифун најмогу го чествуваат општините од Вардарскиот плански регион. Сите општини каде лозарството е една од најзначајните земјоделски гранки го обележуваат денот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун.
Општина Демир Капија чествувањата ги започна една недела порано, на 7-ми февруари, во просторот на винаријата „Еленов“ со организирање Традиционална македонска трпеза.
На манифестацијата учествуваа голем број општини од Македонија. Општина Велес ја претставуваа Организацијата на жени и Активот на жени пензионерки кои за оваа пригода подготвија традиционална трпеза со наслов „Гемиџии“.
На претставничките на Велес поддршка им даде Општина Велес и Градоначалникот м-р Славчо Чадиев кој за дел од екипита што не претставуваше организираше прием.