Чиста вода за пиење за нас.Трпезица и селата Чалошево и Дурутoвец
На просторот на новопланираната населба „Трпезица” во тек се градежни работи за поставување на водоводен систем. Активностите се дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој во соработка со Општина Велес. Целосниот износ за негова реализација е во висина од 14.000.000 денари.
Денес во посета на оваа локација беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од досегашниот тек и интензитет на реализација на работите.
Во рамките на проектот предвидено е поставување на водоводна линија во должина од близу 5.000 метри. Реализацијата на проектот ќе овозможи обезбедување на исправна вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем на градот Велес, односно донесување на пивка вода од градскиот водоснабдителен систем до постоечките резервоари за вода како во новата населба „Трпезица”, така и во селата Чалошево и Дурутовец. На овој простор во иднина предвидено е снабдување со чиста вода за околу 5.000 жители.