Училиштата вклучени во обележување на Светскиот ден на Аутизмот

Светски ден на аутизмот - Слика 1

По повод обележувањето на Светскиот ден на аутизмот - 2 Април, ОЈУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во соработка со Општина Велес, денес реализираа презентација на тема „Подигање на свеста за аутизмот“.

Презентацијата беше намената за наставниците и стручните служби на основните училишта во општината, кои пак на класниот час на учениците од петто оделение на 28 март ќе организираат активности и преку вежби ќе ги запознаат учениците со аутизмот со што ќе овозможат подигање на свеста за аутизмот кај учениците.

Централниот настан за обележување на Светскиот ден на аутизмот ќе се одржи на 2 Април (сабота) во 17:00 часот во Младинскиот парк. Фонтаната и околните објекти ќе се осветлат во сина боја- бојата на аутизмот, со тоа Општина Велес ќе ја даде поддршката кон лицата со аутизам.
Во Младинскиот парк ќе се одржи и учетничка програма на која ќе настапат ученици од ПОУ „Маца Овчарова“ и познати музички ѕвезди од Велес.

Светски ден на аутизмот - Слика 2