ЗАВРШИЈА ТРИБИНИТЕ „СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ И НИВНИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ МЛАДИТЕ“. ВО АПРИЛ СТАРТУВААТ ТРИБИНИ „СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ“
Посетеност и интерес кај учениците предизвикаа предавањата на тема „Социјалните медиуми и нивните ефекти кај младите“. Реализирани се 16 предавања во сите основни и средни училишта во Општина Велес.
Најавени се предавања на тема „Сексуално преносливи болести“, кој се дел од програмските активности на Општина Велес од областа на здравствената заштита за 2016 година. Темата е утврдена од Советот за јавно здравје на Општина Велес, а целна група се средношколците од I до IV година во Општина Велес.