Дневен ред за 25-та седница на Советот на Општина Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 25-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.06.2010 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 23-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

1.Предлог - одлука за донесување Детален урбанистички план за дел од блок 33 - Општа болница Велес (3,40ха) (2009-2014)- Општина Велес
2.Предлог - одлука за утврдување Нацрт детален урбанистички план за Велес, локалитет- дел од урбана единица 09, дел од урбан блок 47( помеѓу дел од ул.„Ордан Џинот“, дел од ул.„Стеван Богоев“ и КП 9804), Општина Велес
3.Предлог - одлука за утврдување Нацрт детален урбанистички план за дел од Велес, - локалитет – дел од урбана единица 7, дел од урбан блок 43, ( помеѓу дел од ул.„Благој Ѓорев“, дел од крак на ул.„Првомајска“, ул.„Првомајска“ и дел од ул.„Белградска“) – Општина Велес
4.Предлог - одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на урбанистички план вон населено место, урбана единица 1, - блок 5, Езеро Младост, Општина Велес
5.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД40)
6.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД41)
7.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД42)
8.Предлог - одлука за формирање Партиципативно тело од областа на урбанизмот
9.Предлог – одлука за давање на користење на недвижна ствар
10.Предлог - одлука за пренесување на основно средство ( 143 контејнери на ЈКП „Дервен“)
11.Предлог – одлука за давање согласност за поставување на оптички кабел
12.Предлог - одлука за давање на трајно користење на движнa ствар на општинските основни и средни училишта и ОЈУ Детска градинка: интерактивна бела табла
13.Предлог – одлука за определување на критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјиштата на територија на Општина Велес
14.Предлог – одлука за утврдување зони при примена на методолигијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот
15.Предлог - програма за работа на Советот на Општина Велес
16.Предлог - годишна програма за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Велес за 2010 година
17.Предлог - деловник за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Велес
18.Предлог - решение за распределба на финансиски средства за поддршка на спортот во Општина Велес за 2010 година
19.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев