Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 5267/1
29.10.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 31-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 04.11.2010 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори и трети квартал 2010 година.
2.Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2010 година.
3.Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2010 година.
4.Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2010 година.
5.Предлог-одлука за откажување од корисничко право на дел од недвижен имот, по барање на Стојан Кузев.
6.Предлог-одлука за откажување од корисничко право на дел од недвижен имот, по барање на Миле Манчевски.
7.Предлог-одлука за откажување од корисничко право на дел од недвижен имот, по барање на Друштво за ванатрешна и надворешна трговија Енергомаркет -Скопје.
8.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2010 година.
9.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2010 година.
10.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2010 година.
11.Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2011 година.
12.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2011 година.
13.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година.
14.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2011 година.
15.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2011 година.
16.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2011 година.
17.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2011 година.
18.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2011 година.
19.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2011 година.
20.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2011 година.
21.Предлог-решение за разрешување на претседател на Комисијата за спорт и млади.
22.Предлог-решение за именување на претседател на Комисијата за спорт и млади.
23.Предлог-решение за разрешување претседател и член на Комисијата за финансирање,Буџет и локален економски развој.
24.Предлог-решение за именување претседател и член на Комисијата за финансирање,Буџет и локален економски развој.
25.Предлог-решение за разрешување член на Комисијата за мандатни прашања,избори и именувањa.
26.Предлог-решение за именување член на Комисијата за мандатни прашања,избори и именувањa.
27.Предлог-решение за разрешување член на Комисијата за општествени дејности.
28.Предлог-решение за именување член на Комисијата за општествени дејности.
29.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Управниот одбор на Локалната установа „Народен музеј“ Велес.
30.Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на Локалната установа „Народен музеј“ Велес.
31.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“-Велес.
32.Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“- Велес.
33.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.