Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 5808/1
26.11.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 33-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 03.12.2010 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 29-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 30-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 31-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 32-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Нацрт- Буџет на Општина Велес за 2011 година.
2.Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Велес.
4.Предлог-одлука за отпис на застарени побарувања во Буџетот на Општина Велес.
5.Предлог-одлука за давање на времено користење на движна ствар –интерактивна табла.
6.Предлог- програма за обележување годишнини на значајни настани и личности во 2011 година.
7.Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес во 2011 година
8.Предлог-програма за изработка на урбанистички планови на Општина Велес во 2011 година.
9.Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2011 година.
10.Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2010/2011 година.
11.Извештај за работата на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во периодот од I до IX месец 2010 година.
12.Предлог –решение за именување член на Комисијата за спорт и млади.
13.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.