Дневен ред за 41 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07- 2614/1
11.05.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам


Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 41-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 18.05.2011 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во  13:00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 40-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот
        
Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Квартален извештај  за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2011 година до 31.03.2011 година.
2.Предлог-одлука за утврдување начин на стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Велес.
3.Предлог-одлука за начинот на управување, користење и одржување на имот сопственост на Општина Велес –поранешен Пензионерски дом.
4.Предлог –одлука за отуѓување на сосопственички дел од недвижен имот.
5.Предлог-решение за давање согласност на Одлука за отуѓување на движни ствари на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци.
6.Информација за состојбата по распишаниот Конкурс за избор на директор на ООУ „Васил Главинов“Велес.
7. Советнички прашања.

Со почит,      

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.