Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3615 /1
17.06.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 42-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 24.06.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 41-ва седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-Одлука за издавање под закуп на недвижен имот-објект „Сателитска станица“ сопственост на Општина Велес.
2.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2011 година.
3.Извештај за работењето на ЈКП „ Дервен“ во периодот од I до III месец 2011 година.
4.Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк спорт“ за периодот од 1.01.2011 до 31.03.2011 година.
5.Предлог-решение за формирање Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти.
6.Предлог-решение за формирање Комисија за распределба на простории - сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации.
7.Предлог-решение за формирање Совет на потрошувачи.
8.Предлог –решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“Велес.
9.Предлог –решение за именување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.