Дневен ред за 44 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-4761/1
12.08.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 44-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 19.08.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во  12:00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 43-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот
        
ДНЕВЕН РЕД

1.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2011год. до 30.06.2011година.
2.Извештај за работата на ЈКП „Дервен“ Велес за период I –VI месец 2011год.
3.Извештај за извршена дератизација на град Велес за период од 18.04.2011год. до 30.06.2011год.
4.Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на недвижен објект – Саталитска станица.
5.Предлог-решение за разрешување член на Комисија за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес.
6.Предлог-решение за именување  член на Комисија за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес
7.Информација за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Велес во 2011 година--.
8.Информација за работата на полициската станица Велес за периодот Јануари – Јуни 2011 година.
 
Со почит,      

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.