Дневен ред за 48-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5936/1
31.10.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 48-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 07.11.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2010 година.
2. Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2010 година.
3. Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“за 2010 година.
4. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води – „Продолжување на постоечки канал за атмосферски води од спој со ул.Вардарска до вливот во река Вардар “.
5. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води за „Водоснабдување на локалитет Езеро Младост - Општина Велес“.
6. Предлог –одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот –објект „Сателитска станица“ сопственост на Општина Велес.
7. Предлог-одлука за усвојување на Локална младинска стратегија за Општина Велес за период 2012-2016 година.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2011 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот за 2012 година.
10. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка под законскиот минимум на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес.
11. Информација за состојбите(случувањата) во ООУ „Васил Главинов“ -Велес поради прекин на наставата во ПУ во с.Бузалково.
12. Информација за случувањата во Советот на родители во ООУ „Васил Главинов“ – Велес.
13. Информација за начинот на користење на недвижен имот –сопственост на Општина Велес од страна на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“.
14. Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.