Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6331/1
21.11.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 50-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 28.11.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 48-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог – одлука за донесување на Детален урбанистички план за Велес локалитет-дел од урбана единица 09, дел од урбан блок 47 (помеѓу дел од ул. „Ордан Џинот“ , дел од ул. „Стеван Богоев“ и КП 9804) Општина Велес.
2.Предлог – одлука за донесување Детален урбанистички план за дел од Велес локалитет -дел од урбана единица 7, дел од урбан блок 43 (помеѓу дел од ул.”Благој Ѓорев”, дел од крак на ул. “Првомајска” и дел од ул. “Белградска”) Општина Велес.
3.Предлог – одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од Велес - изменување и дополнување- за локалитет-дел од урбана единица 5, дел од урбан блок 34-(дел од старо градско јадро) помеѓу ул.”Крали Марко” и ул.”Крушевска” Општина Велес.
4.Предлог - одлука за определување на имиња на инфраструктурни објекти-плоштади во град Велес.
5.Предлог - одлука за определување на имиња на улици во населба Речани.
6.Предлог - одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2011/2012 година. (Извештај од работата на Комисијата)
7.Нацрт - програма за работа на Советот на Општина Велес во 2012 година.
8.Предлог - решение за давање согласност на Одлука за раходување на ситен инвентар на ООУ„Св.Кирил и Методиј’ Велес.
9.Предлог - решение за давање согласност на Одлука за раходување на стари дрвени прозори на ООУ „Благој Кирков“ Велес.
10.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев с.р.