Дневен ред за 52-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6792/1
14.12.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 52-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 21.12.2011 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-програма за обележување на годишнини на значајни настани и личности за 2012 година.
2. Предлог-програма за подигање и реконструкција на нови зелени површини за 2012 година на ЈКП „Дервен“ Велес.
3. Предлог -програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2012 година
4. Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило за 2012 година на ЈКП „Дервен“ Велес
5. Предлог-програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Велес 2012 година
6. Предлог-решение за формирање Координативно тело за имплементација на Локалната младинска стратегија за Општина Велес за период 2012-2016.
7. Предлог-решение за формирање Координативно тело за имплементација на Локалниот акциски план за лица со инвалидност на Општина Велес за периодот 2011-2015.
8. Предлог-Решение за разрешување член на училишен одбор ООУ„Рајко Жинзифoв“ Горно Оризари
9. Предлог-Решение за именување член на училишен одбор ООУ „Рајко Жинзифoв“ Горно Оризари
10. Извештај за реализација на Културната манифестација 48-ми „Рацинови средби“- 2011година.
11. Извештај за реализација на Културната манифестација 8-ми Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ - 2011 година.
12. Извештај за реализација на Интернационалниот фестивал на Античка драма Стоби 2011 година.
13. Извештај за работата со финансиски резултати за периодот од 01.01.2011 година до 30.09.2011 година на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес
14. Советнички прашања

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев с.р.