Дневен ред за 54-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-323/1
18.01.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 54-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 25.01.2012 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.

-Усвојување на записник од одржаната 51-ва седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 52-ва седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 53-ва седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Основен проект за фекална канализација УБ1 и УБ2 Езеро Младост“ – дел и „Основен проект за водоснабдување на Езеро Младост - дел“.
2. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Основен проект за водоснабдување на Индустриска зона Речени 2, Општина Велес“.
3. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Основен проект за водоснабдување на Комплекс УЗУС“-Велес.
4. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Главен проект за водоснабдување на с.Црквино“, Општина Велес.
5. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Основен проект за водоводна мрежа за неселено место с.Сливник“,Општина Велес.
6. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Реконструкција на дел од водоводна линија на улица „Игманска“.
7. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Реконструкција на водоводна линија за нас.Превалец и с.Оризари“.
8. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Реконструкција на дел од водоводна линија на ул.„Маца Овчарова“.
9. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Реконструкција на дел од водоводна линија на ул.„Титова Ужичка“.
10. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Основен проект за реконструкција на водоводна линија која поминува по ул.„Маршал Тито“.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.