Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3650/1
19.10.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 32-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 26.10.2006 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 12.оо часот.
Усвојување на записник од 31 -та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 32-та седница на Советот на Општина Велес
- Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2006 година.
- Предлог-одлука за награда за животно дело „Гемиџии“ за 2006 година.
- Предлог-одлука за утврдување и спроведување на Јавна презентација и јавна анкета на Нацрт изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за „Тунел 2“.
- Предлог- одлука за измена и дополнување на Одлуката за оттуѓување на патнички моторни возила.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за набавка на патнички моторни возила.
- Предлог-одлука за определување на намената на објект во Башино Село.
- Предлог- Годишна програма за работа на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната2006/2007 година.
- Предлог- Годишна програма за работа на ОССУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2006/2007 година.
- Предлог- Годишна програма за работа на ОССУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2006/2007 година.
- Предлог- Годишна програма за работа на ОСУ „Димитрија Чуповски“ Велес за учебната 2006/2007 година.
- Извештај од реализираните активности од областа на спортот по делегираните надлежности.
- Извештај од реализираните активности од областа на социјалната заштита по делегираните надлежности.
- Информација за состојбата со јавното осветлување во Општина Велес.
- Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за определување на имиња на улици, плоштади и останати инфраструктурни објекти во град Велес.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисија за Статут и прописи.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Верификационата комисија.
- Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.