Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3923/1
07.11.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 33-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 33-та седница на Советот на Општина Велес
1.Квартaлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за III–ти квартал 2006 година.
2.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за учество и поддршка на проекти аплицирани во рамките на проектот „Развој на општините и културата“.
3.Предлог -програма за зимско одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2006/2007 година.
4.Предлог-програма за работа на Народен Музеј Велес за 2007 година и цели до крајот на 2008 година.
5.Предлог-програма за работа на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2007 година.
6.Предлог-програма за работа на ООУ „Блаже Конески“ Велес за учебната 2006/2007 година.
7.Предлог-програма за работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2006/2007 година.
8.Предлог-програма за работа на ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за учебната 2006/2007 година.
9.Предлог-програма за работа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2006/2007 година.
10.Предлог-програма за работа на ООУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2006/2007 година.
11.Предлог-програма за работа на ООУ „Стојан Бурчевски - Буридан “ Иванковци за учебната 2006/2007 година.
12.Предлог-програма за работа на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари за учебната 2006/2007 година.
13.Предлог-програма за работа на ООМУ „Киро Димов“ Велес за учебната 2006/2007 година.
14.Извештај за работењето во првото полугодие за 2006 година на ЈКП „Дервен“ Велес.
15.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти со кои стопанисува ЈПССО „Парк –спорт“ Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.