Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 4470 /1
13.12.2006 година
Велес
Врз основа на член 3, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 36-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 19.12.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.
Усвојување на записник од 34 -та седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на записник од 35 -та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 36-та седница на Советот на Општина Велес
1. Решение за престанок на мандат на член на Советот на Општина Велес.
2. Предлог-одлука за верификација на мандат на член на Совет на Општина Велес.
3. Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2006 година.
4. Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план за „Тунел 2“,УЕ 12 дел од блок 58 и дел од блок 59.
5. Предлог-одлука за пренесување на основно средство.
6. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2006 година.
7. Предлог-програма за урбанистички планови и урбанистичка документација за населени места во Општина Велес за 2007 година.
8. Предлог-програма за работа на ЈПССО „Парк спорт“ Велес.
9. Предлог-програма за работа на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 2007 година.
10. Предлог-програма за работа на Фондацијата „Коле Неделковски“ за 2007 година.
11. Предлог-правилник за начинот на користење на Ликовниот салон.
12. Извештај за работењето во првите девет месеци од 2006 година на ЈКП „Дервен“ Велес.
13. Извештај за работата на Фондацијата „Коле Неделковски“ за 2006 година.
14. Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ за 2006 година.
15. Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“ Велес за 2006 година.
16. Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација Фестивал на Античка драма „Стоби“ Велес за 2006 година.
17. Информација за спроведување на избор на најповолен понудувач по Отворен повик бр. 9/06.
18. Информација за преземени активности на Општина Велес по изградбата на „Мало мовче“.
19. Информација за состојбата со недвижен имот сопственост на Општина Велес.
20. Предлог-решение за именување на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именување.
21. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за определување на имиња на улици, плоштади и останати инфраструктурни објекти во град Велес.
22. Барање за користење на дел од паркинг просторот во ООУ„Блаже Коневски“ Велес од Трговско друштво за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Леов ком“ ДООЕЛ Велес.
23. Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.