Дневен ред на 41-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-939/1
28.02.2007
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот на локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 41-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 05.03.2007 (понеделник), во просториите на ЈН „Лисиче“ на браната „Лисиче“, со почеток во 11.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 41-та седница на Советот на Општина Велес

1.Информација за извршените работи и активности на објектот Брана Лисиче во периодот декември 2006 - февруари 2007 и планирањата за завршување на објектот во 2007 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на  Советот на општина Велес
Трајко Бабунски с.р.