Дневен ред на 43-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 1242/1
20.03.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалнатата сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 43-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 27.03.2007 година (вторник), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.

 

Усвојување на Записникот од 39-та седница на Совет на Општина Велес
Усвојување на Записникот од 40-та седница на Совет на Општина Велес


За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 43-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог- Буџетски календар.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт изменувањето и дополнувањето на урбанистички план вон населено место Урбана единица 2, блок 1 и 2 Езеро Младост-Велес.
3.Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на помошни фудбалски игралишта во Велес.
4.Предлог-одлука за утврдување на режимот на сообраќај на улиците „Маршал Тито“, „Гоце Делчев “ , „Страшо Пинџур“ и плоштад „Маршал Тито“.
5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлука за авто такси превоз на патници во Општина Велес .
6.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување локација за депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал во Општина Велес.
7.Предлог-одлука за уредување и одржување на јавните санитарни јазли.
8.Предлог-одлука за давање намена на објекти.
9.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на времено користење на просторија во објект сопственост на Општина Велес.
10.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот -објект Спортска сала „Партизан".
11.Предлог-одлука за давање согласност за користење на дел од паркинг простор во ООУ „Блаже Конески“ Велес.
12.Предлог – програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и поддршка на НВО секторот на Општина Велес за 2007 година .
13.Извештај за работата на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 2006 година.
14.Извештај за работата на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 2006 година.
15.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности.
16.Извештај за реализираните активности од областа на социјална заштита по делегирани надлежности.
17.Предлог- листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во град Велес.
18.Предлог- листа на имиња на улици во населените места на територијата на Општина Велес.
19.Предлог-решение за именување на претседател на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
20.Предлог-решение за именување на претставник во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес.
21.Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
22.Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.