Почитувани, денес 29.02.2016 година (пoнеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 48 седница.
За 48-та седница на Советот е предложен следниот дневен ред:
1.Советнички прашања.
Согласно деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година.
Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период е направен согласно Законот за финансирање на ЕЛС. Во овој извештај за временскиот период од 01.01. до 31.12.2015 година, се внесени податоците за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво, а реализацијата е до 31.12.2015 година.
3.Предлог-одлука за донесување на ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, измена и дополна за дел од УЕ 5, УБ 34, (дел од старо градско јадро), Велес, Општина Велес.
Плански опфат, граница и површина на овој ДУП, измена и дополна за дел од УЕ 5, УБ 34, (дел од старо градско јадро), Велес, Општина Велес, е следниот опфат:
исток: ул. “Крушевска”;
север: дел од ул. Крали Марко”;
југ: ул. “Крушевска” и
запад: ул. “Крушевска”.
Вкупна површина на планскиот опфат изнесува 0,77ха. Локалитетот е во централното градско јадро, оддалечен околу 300 до 400м. од центарот на градот. Сообраќајно овој простор преку пешачките улици “Крали Марко и “Крушевска”, е поврзан со централното градско подрачје и надвор од него, кон другите урбани центри и надвор од Република Македонија.
4.Предлог-одлука за определување опфат на постојните улици во Општина Велес.
Со текот на времето изградени се повеке индивидуални објекти на подрачјето на просторот во повисоките зони. (улиците во високите зони од градот од страната на болница на кај вршник), како и во населба Керамидна. Истите се изградени на простор на кој нема урбанистички план и планирани инфраструктурни објекти, па можноста да се реализира сообраќајното решение предложено во ДУП не е остварено. Трасирани/отворени се нови улици кои се именувани но не е утврден опфатот ниту дефиниран вкупниот број на куќни броеви.
Граѓаните од овие зони редовно се судруваат со адресните податоци кои им се потребни за лична документација, податоци кои се издавани без предходно консултирање со општината. Односно се заведени на една адреса/улица и број, а според положбата на објектот или локацијата каде тој е изграден носи други адресни податоци. На терен постоечка состојба не одговара на состојбата од плановите на ДУП со постојна состојба и ДУП со планирана состојба.
Затоа се пристапи кон обележување на сите објекти и празни плацеви. Со самото обележување се одредени сите постоечки улици и сокаци. Притоа се запишувани сопствениците на објектите и плацевите со име и презиме и К.П. а по можност и имотен лист. За одреден дел на плацевите нема никакви податоци бидејки земјиштето е на Р.Македонијa. Согласно Извештајот на Комисијата за дефинирање и нумерирање на улици изработена е оваа предлог Одлука и истата се предлага до СОВ за нејзино донесување.
5.Предлог–одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот КП бр. 17616/3 за КО Велес.
Општина Велес со цел непречено да ја продолжи постапката за продажба на земјиште во сопственост на Република Македонија и поефикасно да ја завши постапката, потребно е истата да биде без товар односно да нема корисничко право на физичко или правно лице.
Предметниот објект се наоѓа на катастарска парцела бр. 17616/3 евидентирано во ИЛ бр.26773 за КО Велес во сопственост на Република Македонија-корисник Општинско собрание.
Откако, Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука, истата ќе биде доставена во Министерството за финансии–имотно правни работи со барање да биде спроведена постапка за одземање на корисничкото право и ослободување на товар.
По донесувањето на решението во оваа постапка, ќе се изврши бришење на товарот од ИЛ во Агенцијата за катастар на недвижности и права.
6.Предлог–одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот КП бр. 18016/3 за КО Велес.
Општина Велес со цел непречено да ја продолжи постапката за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на катастарски парцели во сопственост на Република Македонија и поефикасно да ја завши постапката, потребно е истата да биде без товар односно да нема корисничко право на физичко или правно лице.
Предметниот објект се наоѓа на катастарска парцела бр.18016/3 евидентирано во ИЛ бр.26773 за КО Велес во сопственост на Република Македонија-корисник Општинско собрание.
Откако, Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука, истата ќе биде доставена во Министерството за финансии–имотно правни работи со барање да биде спроведена постапка за одземање на корисничкото право и ослободување на товар.
По донесувањето на решението во оваа постапка, ќе се изврши бришење на товарот од ИЛ во Агенцијата за катастар на недвижности и права.
7.Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се голем број на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени објекти на катастарски парцели кои се наоѓаат вон границите на важечкиот Генерален урбанистички план на град Велес. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да биде извршено проширување на планскиот опфат. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на парвен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Откако, Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука ќе се пристапи кон вклопување на бесправните објекти во идната урбанистичко планска документација.
8.Предлог-одлука за пристапување на Општина Велес како соосновач на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група Вардар Леадер – Градско.
Со донесување на оваа одлука Општина Велес станува еден од основачите со право да учествува во Управниот орган на Здружението за рурален развој Локална Акциона Група Вардар Леадер – Градско.
За таа цел Општина Велес ќе делегира и разрешува член кој ќе учествува во работата на органите на здружението.
Инаку “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион” е иницијатива во рамките на Проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси, финансиски поддржан од УСАИД и Швајцарската влада, а имплементиран од Центарот за развој на Вардарски плански регион. Оваа иницијатива официјално започна да се имплементира од 1 февруари, 2015 година.
Оваа иницијатива всушност претставува еден иновативен пристап во рамки на Европската политика за рурален развој кој е наменет да ги поттикне луѓето од руралните области да изнајдат нови начини за заедничка работа со цел да ги подобрат основните услови за живот.
9.Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства, опрема и ситен инвентар сопственост на Општина Велес.
Со оваа Одлука ќе се изврши отпис и расходување на основни средства, опрема и ситен инвентар, сопственост на Општина Велес, евидентирани во Буџетот на Општина Велес за 2015 година. При извршениот годишен попис кои се извршува редовно на крајот на тековната година, пронајдени се основни ствари, опрема и ситен инвентар кои се во дотраена состојба и се дава предлог за нивно отпишување од книговодствената евиденција и предлог да се отуѓат на начин за кое ќе даде предлог Комисијата која ќе се формирана од Советот на Општина Велес. Спецификацијата која е составен дел на оваа Одлука содржи: бројот на стварите и опремата и ситниот инвентар предложени за отпис со книговодствена вредност.
10.Предлог-одлука за престанок на важност на Одлуката за давање на времено користење на дел од имот сопственост на Општина Велес од објект во м.в.„Димитар Влахов“ Велес.
Од страна на Универзитетот „Св.Климент Охридски –Битола“ со допис од 18.02.2016г одина е побарано да се изврши повторен увид на просториите од објект во м.в. Димитар Влахов (поранешен пензионерски), во однос на тоа кои од просториите им се дадени од страна на РМ , а кои од Општина Велес.
Со физичката делаба која се постигна со РМ и Општина Велес од овој објект во Геодетски елаборат се раграничени површините на сопственост, и така се заведени во книгата на недвижност.
Од страна на Советот на општина Велес на ден 28.12.2011 година по предлог на истиот факултет беше донесена Одлука со која поголем број на простории од овој објект им се даваат на користење. За ова се потпиша договор помеѓу двете договорни страни. Целта на факултетот да ги добие овие простории на повеќе години на користење беше создавањето на студенски дом во истите. По ова истите преземаа обрска да ги плаќаат сите комунални трошоци од објектот. Но од страна на факултетот сега наведуваат дека нема реализација на оваа идеја и трошоците/за комуналии се големи од овој објект и истите не можат да ги издржат, па затоа се откажуваат од користењето на доделените простории.
Со претставници на факултетот и општина Велес ќе биде излезено на лице место и ќе биде појаснето кои простории се во сопственост на РМ, а тие ги користат , а кој се во сопственост на општина. Обврските за комуналните трошоци на површината во сопственост на општина понатаму ќе ги сноси општината.
11.Предлог–одлука за отпишување од книговодствена евиденција на опрема и ситен инвентар и пренесување во евиденција на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес.
Општина Велес по извршениот попис на ствари во сопственост на Општина Велес, утврдено е дека движните ствари кои се дел од спецификацијата/извештајот се водат во книговодствената евиденција на Општина Велес, а истите се добиени со проект и се дадени на користење на ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Согласно наведеното се предлага овие движни ствари наведени во спецификацијата да се дадат во сопственост на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес, и заведант во книговодствената евиденција на градинката.
За потсетување, во проектот „Инклузија на деца од социјално запуштени семејства“ Општина Велес учествуваше со обезбедување простор за згрижување на децата, а донаторот со обезбедување на потребната опрема, инвентар и надоместок за ангажираните лица. Проектот траеше една учебна година, а набавените материјали од проектот останаа трајна сопственост на Општина Велес. Од листата може да се види дека станува збор за опремување на просторот за одржување на хигиена на инклузираните деца, занимална, трпезарија и шкафови за чување на облеката и материјалите за работа.
Овој инвентар од 2006 година (по завршување на проектот) остана во клон 6 во ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“ и се употребува за потребите на установата. Бидејќи во најголем дел овој инвентар Општина Велес не може да го користи за други намени, со оваа одлука книговодствено го отпишува и го пренесува во евиденцијата на
ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“.
12. Предлог-план за заштита и спасување на Општина Велес.
Планот за заштита и спасување на општина Велес е изработен согласно Законот за заштита и спасување-пречистен текст, Методологијата за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирање на заштитата и спасувањето, Уредбата за начинот на ракувањето и употребата на планот за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи на република Македонија и за содржината, ракувањето и употребата на плановите за заштита и спасување на единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и другите нормативни акти донесени врз основа на законот за заштита и спасување, а кои се однесуваат на мерките за заштита и спасување.
При изработката на планот, користена е проценката за загрозеност од природни непогоди и други несреќи на општина Велес, која е донесена од Советот на општината Велес на седница одржана на 24.06.2010 година, во која процената на опасностите од природните непогоди и други несреќи, не е доволно разработена и не нуди целосни, соодветни и корисни препораки за изработка на планот за заштита и спасување на општината.Од тие причини во плановите за секоја мерка за заштита и спасување, се вметнати ажурирани изводи од одредени видови на опасности и загрозувања, а кои се дополнително добиени од надлежните државни органи.
Предлог-планот за заштита и спасување на Општина Велес е еден доста обемен и значаен документ кој советниците треба да го разгледаат и да се произнесат во однос на неговата содржина на денешната седница.
13.Предлог-решение за давање Мислење за програма за екскурзии и други слободни активности 2015/2016 година на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ с.Иванковци Велес.
14.Предлог-решение за давање Мислење за програма за екскурзии и други слободни активности 2015/2016 година на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари Велес.
15.Предлог-решение за давање Мислење за програма за екскурзии и други слободни активности 2015/2016 година на ООУ „Блаже Конески“ Велес.
16.Предлог-решение за давање Мислење за програма за екскурзии и други слободни активности 2015/2016 година на ООУ „Васил Главинов“ Велес.
17.Предлог-решение за давање Мислење за програма за екскурзии и други слободни активности 2015/2016 година на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес.
18.Предлог-решение за давање Мислење за програма за изведување на ученички екскурзии и излети 2015/2016 година на ООУ „Благој Кирков“ Велес.
19.Предлог-решение за давање Мислење за програма за реализација на ученички екскурзии 2015/2016 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес.
Согласно Правилникот за начинот за изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности на учениците од основните училишта, се бара одобрување – мислење од СОВ, најмалку 30 дена пред нивното изведување.
Врз основа на добиените мислењата од Советот на родители, Бирото за развој на образованието и Советот на Општина Велес Училишниот одбор ја одобрува секоја програма за екскурзии и други слободни активности најмалку 20 дена пред нивното изведување.
20.Предлог-решение за разрешување и именување на член во училишен одбор во ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна барање од досегашен член на училишниот одбор во ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес кој бара да биде разрешен. Со ова Решение се предлага разрешување и именување на нов член во УО на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес .
21.Извештај за работата на Локалниот совет за превенција од детско претстапништво на Општина Велес за 2015 година.
Согласно Законот за правда за децата и деловникот за работа на Локалниот Совет за превенција од детско престапништво до Советот на Општина Велес доставена е информација за работа на ова тело во 2015 година. Инаку Локалниот Совет за превенција од детско престапништво е формиран со Одлука на Советот на општината и брои вкупно 20 членови, меѓу кои членови на советот, лица од установи и институции кои работат со деца, претставници од сите основни и средни општинскуи училишта, СВР Велес , Основен суд Велес и Јавното обвинителство, Центарот за социјална работа, Детската градинка „Димче Мирчев” и претставници од општинската администрација. Негова главна цел е препознавање на локалните проблеми, детектирање на клучните ризични фактори, анализа на состојбите и превземање на мерки и аткивности за планирање, спречување и превенција на општествено неприфатливи облици на однесување на децата.
Со последната 21-ва точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 48-та седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам!