Претседателот на Советот на Општина ВелесАлександар Колев ja информирајавноста дека денес 14.03.2016 година (пoнеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 49 седница.
За 49-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2015 година.
2. Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2015 година.
Врз основа на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес, Советот треба да ги разгледа и да се произнесе по однос на овие два значајни документи за работењето на локалната самоуправа во изминатата година. Од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2015 година, може да се заклучи дека локалната самоуправа безрезервно опстојува на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани.
3. Извештај за енергетска ефикасност на Општина Велес за 2015 година.
Извештајот за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2015 година ги сублимира сите активности на општината за подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти под надлежност на општината. Во него се потврдуваат заложбите на општината за подобрување на енергетската ефикасност, што за крајна цел би имало заштеда на средства. Сите овие активности се во согласност со целите и активностите предвидени со програмата за Енергетска Ефикасност 2013-2015. Минатата година беа реализирани 7 проекти со вкупна вредност од 11.111.696 денари, од кои најкрупен е проектот за замена на котлите и реконструкција на тоалетите во основните училишта „Благој Кирков” и „ЈХК Џинот”.
4. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за2015 година.
Во согласност со воспоставената пракса за транспарентност во работењето на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, до Советот на Општина Велес доставен Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2015 година.Во годишниот извештај се наоѓаат податоци за структурата на организационата поставеност на центарот, за седниците на Советот за развој на ВПР, спроведените јавни набавки и други активности од доменот на работа на центарот во 2015 година.Дел од овој извештај се и информациите за аплицирани и одобрени проекти на ВПР од страна на Министерството за локална самоуправа за 2015 година, аплицирани проекти на Центарот за развој во 2016 година, како и аплицирани и имплементирани проекти кои се финансирани од странски извори на финансирање.
5. Годишен извештај за спроведување на програмата за развој на Вардарски планскирегион за 2015 година.
И овој Извештај за спроведувањето на програмата за развој на Вардарскиот плански регион за 2015 година е во согласност со претходно наведениот принцип за транспарентно работење, и истиот е доставен до за разгледување до Советот на Општина Велес.
Во рамките на овој извештај се наоѓаат:
- Проектите кои се имплементирани во 2015 година во рамки на програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година;
- Информација за реализирани проекти од страна на Министерството за локална самоуправа.
- Информација за одобрен проект од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Реализираните проекти финансиски поддржани од програмата за регионален економски развој во Македонија – ГИЗ РЕД;
- Реализираните проекти и активности финансиски поддржани од програмата за развој на обединетите нации – УНДП во РМ;
- Информација за реализирани проекти финансирани од страна на УСАИД и Швајцарска влада.
На оваа 49-та седница на Советот, Годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на Вардарскиот регион за 2015 година ќе биде предмет на разгледување од страна на советниците.
6. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2015 година.
7. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2015 година.
8. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2015 година.
9. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787-21, 785-17, 785-21 и 603 (општинска) за 2015 година.
10. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2015 година.
11. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
12. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
13. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2015 година.
14. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште„Благој Кирков “ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2015 година.
15. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
16. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
17. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
18. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
19. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
20. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2015 година.
21. Годишен извештај за работа со финансиски резултати на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес за период од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година
22. Извештај за работењето и резултати по завршната сметка во 2015- та година на ЈКП „Дервен“ Велес.
Од 6-тата до 22-тата точка на дневениот ред се наоѓаат годишните извештаи за работата и завршнте сметки на институциите каде што Советот на Општина Велес се појавува како основач. Годишните извештаи за работата на овие институции претставуваат синтетизиран приказ на постигањата, извршените работи и работни задачи на вработените, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес е должен да ги разгледа и да се произнесе по однос на годишните извештаи.
23. Годишен Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота на територијата на Општина Велес во 2015 година
Врз основа на Законот за управување со отпадот, Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес до Советот се доставува на разгледување Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес во 2015 година. Истиот го опфаќа периодот јануари-декември 2015 година. Општината во соработка со ЈКП „Дервен” во 2015 година реализираше низа активности согласно утврдените стратешки цели и приоритети во Програмата за управување со отпад за 2015г. и Планот за управување со отпад за Општина Велес (2013-2017).
24. Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2016 година.
Согласно одредбите од Законот за спортот, Сојузот на спортови му предлага на Советот на Општина Велес, Програма за активностите во областа на спортот. Врз основа на тој предлог и потребите на општината во оваа област, донесена е Програмата за активностите на локалната самоуправа во областа на спортот и младите за 2016 година, во која особено внимание се посветува на создавањето услови за развој на масовните спортови и училишниот спорт, како и поддршката на спортските клубови од општината.Средствата што се распределуваат со ова Решение се наменети за обезбедување средства за надомест за користење на спортските објекти за да можат сите клубови од градот во сите спортови да имаат подеднакви услови за тренинг. Истото се однесува и за поддршката што општината ја дава на младинските и кадетските екипи.
25. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар на ООУ „Блаже Конески“ Велес.
До Советот на Општина Велес беше испратен допис од страна надиректорот на ООУ „Блаже Конески “ со кој се доставени и Одлуката за расходување на основни средства и ситен инвентар од 05.02.2016 година и Записник од Комисијата за расход од 05.02.2016 година каде се предвидени да се расходат повеќе столчиња, клупи, ормани и слично бидејќи истите се неупотребливи и за нив се бара согласност за отуѓување.
26. Предлог-решение за разрешување и именување на претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Општинското средно училиште„Јовче Тесличков“- Велес.
Од ОСУ „Јовче Тесличков” Велес пристигнат е допис со кој се известува дека мандатот на член во училишниот одбор е изминат, и бараат именување на нов член. Согласно тоа се предлага ова решение до СОВ.
Со последната 26-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 49-тата седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам!