Дневен ред на 50 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-3005/1
05.07.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 50-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 11.07.2007 година (среда), во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
Усвојување на Записникот од 49-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 50-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-деловник за работа на Советот на Општина Велес.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт измена и дополнување на дел од Детален урбанистички план „Димитар Влахов“ Б8,Б9,Б10,Б11 и Б12- Општина Велес.
3.Предлог-одлука за прогласување на 2008 година за Година на Рацин.
4.Предлог-одлука за давање на користење на дел од недвижна ствар.
5.Информација за малолетничката деликвенција и преземени активности за нејзино попречување и елиминирање.
6. Информација за преземени мерки и активности по извршени кривични дела Кражба и Тешка кражба на метални предмети од инфраструктурни објекти.
7. Информација за мерењето на индексот на капацитет на општините.
8.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р