Дневен ред на 55 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 4190/1
02.09.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 55-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 09.10.2008 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.
Усвојување на записник од 53-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 55-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог- годишна програма за работа на ОOУ „Блаже Конески“ Велес за учебната 2007/2008 година.
2.Предлог- годишна програма за наставно-воспитната работа на ОOУ „Васил Главинов“ Велес во учебната 2007/2008 година.
3.Предлог- годишна програма за работа на ОOУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за учебната 2007/2008 година.
4.Предлог-годишна програма за работа на ОOУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2007/2008 година.
5.Предлог-годишна програма за работа на ОOУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2007/2008 година.
6.Предлог- годишна програма за работа на ОOУ „Стојан Бурчевски - Буридан “ Иванковци за учебната 2007/2008 година.
7.Предлог- годишна програма за воспитно-образовната работа на ОOУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари во учебната 2007/2008 година.
8.Предлог-годишна програма за работа на ООМУ „Киро Димов“ Велес за учебната 2007/2008 година.
9.Предлог-Годишна програма за работа на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2007/2008 година.
10.Предлог-годишна програма за работа на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес во учебната 2007/2008 година.
11.Предлог-годишна програма за воспитно-образовната работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес во учебната 2007/2008 година.
12.Предлог-годишна програма за воспитно образовната дејност на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес во учебната 2007/2008 година.
13.Информација за актуелната состојба со квалитетот на површинските води на езерото Младост во текот на 2007 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.