Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701 - 4522/1
25.10.2007 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 56-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2007 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.
Усвојување на записник од 54-та седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на записник од 55-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 56-та седница на Советот на Општина Велес
1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори и трети квартал 2007 година.
2.Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2007 година.
3.Предлог - одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиџии“ за 2007 година.
4.Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2007 година.
5.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2007 година.
6.Предлог-одлука за префрлување на основни средства.
7.Предлог-програма за работа на Локалната установа „Народен Музеј“ Велес за 2008 година.
8.Предлог- годишна програма за работа на општинската јавна установа за деца –Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2007/2008 година.
9.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности за период од 01 април до 30 септември 2007 година.
10.Извештај за реализираните активности од областа на социјалната заштита по делегирани надлежности за период од 01 април до 30 септември 2007 година.
11.Информација за реконструкција на малата сала во Општина Велес.
12.Информација за активностите на Општина Велес по повод одржаниот турнир во мал фудбал „Тунел 2007 година“.
13.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.