Дневен ред на 57 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-4920/1
22.11.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 57-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.11.2007 година (петок), во просториите на Општина Велес со почеток во 15,оо часот.
- Усвојување на Записникот од 56-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 57-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт измена и дополнување на дел од Детален урбанистички план „Димитар Влахов“ Б8,Б9,Б10,Б11 и Б12 – Општина Велес.
2.Предлог-одлука за прифаќање на донација.
3.Предлог-одлука за издавање под закуп на недвижен имот -објект Градски Базен.
4.Предлог-одлука измена и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот- објект Спортска сала„Партизан“.
5.Предлог-одлука за отуѓување и набавка на патничко моторно возило.
6.Предлог-решение за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност-Велес.
7.Предлог-програма за измени и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2007/2008 година.
8.Нацрт-буџет на Општина Велес за 2008 година.
9.Нацрт-одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес.
10.Нацрт-програма за активностите на Општина велес во 2008 година-Година на Рацин.
11.Нацрт-програма за уредување на гредежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2008 година.
12.Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) во 2008 година.
13.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2008 година.
14.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2008 година.
15.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2008 година.
16.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2008 година.
17.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2008 година.
18.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2008 година.
19.Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2008 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р