Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-4966/1
26.12.2007 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 58-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 03.12.2007 година (понеделник), во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 58-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за усвојување на Локален акционен план за хендикеп на Општина Велес-2008/2010.
2.Предлог-одлука за усвојување на Локална стратегија за наркотици на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план за град Велес урбан блок 32 и 48 - урбана единица -4и9.
4.Предлог-програма за зимско одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2007/2008 година.
5.Предлог-програма за работата на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 2008 година.
6.Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“ Велес за 2007 година.
7.Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација Интернационелен фолклорен фестивал „Велес“ Велес за 2007 година.
8.Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација Фестивал на античка драма „Стоби“Велес за 2007 година.
9.Извештај за работата на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес за период од 01.01.2007 до 30.09.2007 година.
10.Годишен извештај за извршена дератизација на град Велес.
11.Информација за начинот на прибирање и намената на средствата од склучување на бракови во Општина Велес.
12.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р