Дневен ред на 62 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-742/1
08.02.2008 година
В е л е с

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 62-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 18.02.2008 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 62-та седница на Советот на Општина Велес


1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори, трети и четврти квартал за 2007 година .
2. Предлог-одлука за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од МЗ „Васа Кошулчева“ и МЗ „ Алексо Демниевски Бауман“ Велес .
3. Предлог-одлука за формирање работно тело за изработка на Стратегија за локален развој на Општина Велес .
4. Предлог-одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Велес .
5. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за подигање на трајна поставка на портрети на знаменити велешани .
6. Предлог-одлука за издавање простор на времено користење .
7. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници до Општина Велес .
8. Предлог-одлука за користење на грбот на Општина Велес .
9. Информација за воспитно-образовната работа на општинските основни училишта во Општина Велес во првото полугодие од учебната 2007/2008 година .
10. Информација за воспитно-образовната работа на општинските средни училишта во Општина Велес во првото полугодие од учебната 2007/2008 година .
11. Извештај за реализираните активности од областа на социјалната заштита по делегирани надлежности за период октомври-декември 2007 .
12. Иницијатива за отворање на Државен универзитет за информатички технологии во Велес .
13. Иницијатива за реализација на проект „Аква парк“ .
14. Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за висината на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад .
15. Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за висината на цената за одржување и користење на паркови и на зелени јавни површини .
16. Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.