Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2395/1
30.04.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 66-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 08.05.2008 година (четврток), во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 66-та седница на Советот на Општина Велес
1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први квартал 2008 година.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за дел од Велес локалитет „9-ти Ноември“ помеѓу улиците „Благој Ѓорев“, „Тодор Јанев“, пешачка улица и улица „8-ма Велешка бригада“-Општина Велес 2007-2012.
3.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за дел од Велес локалитет „Дел од старо градско јадро“, помеѓу улиците „Крушевска“ и дел од улица „Крали Марко“-Општина Велес 2008-2013.
4.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Урбанистички план вон населено место Башино село м.в. „Зад црква“ –Општина Велес 2008-2018.
5.Предлог-одлука за пренесување на основни средства од ООУ „Васил Главинов“ на ОЈУД Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
6.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2008 година.
7.Извештај за работата на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк спорт“ Велес за период од 01.01 до 31.03 2008 година.
8. Извештај за работата на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес за период од 01.01 до 31.03 2008 година.
9. Предлог –решение за давање согласност за издавање на простор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес.
10.Предлог-решение за давање на согласност за користење на простор за работа на силите за заштита и спасување за време на мобилизација во ООУ „Васил Главинов“ Велес.
11.Предлог-решение за давање на согласност за користење на простор за работа на силите за заштита и спасување за време на мобилизација во ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес.
12.Предлог-решение за формирање на Координативно тело за имплементација на Локалниот акционен план за контрола на туберкулозата 2008-2012.
13.Предлог-решение за формирање на Локална лидерска група за имплементација на Локален акционен план за прашањето хендикеп на Oпштина Велес 2008-2010.
14.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.