Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2757/1
17.05.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 67-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 26.05.2008 година (понеделник), во просториите на Општина Велес со почеток во 9:00 часот.
Усвојување на записник од 64-та седница на Советот на општина Велес
Усвојување на записник од 65-та седница на Советот на општина Велес
Усвојување на записник од 66-та седница на Советот на општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 67-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог- одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
2.Предлог – одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
3.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Генерален урбанистички план за град Велес за изменување и дополнување на основна сообраќајна мрежа Велес 2008-2018.
4.Извештај за спроведена постапка за продажба на Објeкт - Градска библиотека по пат на јавно наддавање.
5.Информација од состојба со епидемијата од паротитис епидемика во Велес во период од 01.11.2007 до 08.05.2008 година.
6.Информација за отварање нова паралелка и нов образовен профил во ОССУ „Димитрија Чуповски“ Велес.
7.Предлог-решение за формирање на Одбор за спас на Велес од Топилница.
8.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.