Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 75-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 04.11.2008 година (вторник), во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 75-та седница на Советот на Општина Велес
1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори и трети квартал 2008 година.
2.Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2008 година.
3.Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2008 година.
4.Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2008 година.
5.Предлог-одлука за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес.
6.Предлог-одлука за подигање спомен обележје „Рекоа за Рацин“ и утврдување содржина на текст „Рекоа за Рацин“ испишан во Младинскиот парк.
7.Предлог-одлука за давање име на повеќенаменска сaла во објект сопственост на Општина Велес.
8.Предлог-програма за дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2008 година
9.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2008 година.
10.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2008 година.
11.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2008 година.
12.Предлог-годишна програма за работа на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ за 2009 година.
13.Информација за проектот за изградба на наслева Хабитат на Американската меѓиунароидна организација во „Habitat for humanity international“.
14.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Одбор за подигање спомен обележје.
15.Предлог-решение за распределба на средства од Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
16.Предлог-решение за престанок на мандат на член на Советот на Општина Велес.
17.Предлог-решение за разрешување претседател на Советот на Општина Велес.
18.Предлог–решение за избор на претседател на Советот на Општина Велес.
19.Предлог–решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес.
20.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување на претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес.
21.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес.
22.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес.
23.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес.
24.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари.
25.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Кочо Рацин“ Велес.
26.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
27.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Коле Неделковски“ Велес.
28.Предлог-решение за престанок на Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Димитрија Чуповски“ Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.