Дневен ред за 77 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5835/1
21.11.2008 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 77-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 28.11.2008 година (петок), во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 77-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-одлука за утврдување на детален урбанистички план дел од Велес –локалитет станбена единица на УЗ Алексо Деминевски Бауман“( дел) (изменување и дополнување) – Општина Велес.
2.Предлог – одлука за утврдување на стратешките приоритети на Општина Велес за 2009 година.
3.Предлог-план на Програмите за развој 2009-2011.
4.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности.
5.Извештај за извршена дератизација на град Велес за месец септември и октомври 2008 година.
6.Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за спорт и млади.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.