Совет на Општина Велес
Број 07-6185/2
05.12.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од
Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 78-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 12.12.2008 година (петок), во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 78-та седница на Советот на Општина Велес
1.Нацрт- Буџет на Општина Велес за 2009 година.
2.Предлог-одлука за утврдување на обврската, висината и начинот на плаќање на надоместокот за одржување на јавната чистота.
3. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за управување и одржување на градските гробишта.
4.Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес за 2009 година.
5.Предлог-план за запишување на ученици во средните општинските училишта во Општина Велес во учебната 2009/2010 година.
6.Извештај за работата на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес за периодот од 01.01. до 30.09.2008 година.
7.Предлог-програма за работа и финансиски план на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес за 2009 година.
8.Извештај за Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ за 2008 година.
9.Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ за 2008 година.
10.Извештај за работата на Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“ за 2008 година.
11.Извештај од делегираните надлежности од физичко лице во канцеларијата на Општина Велес во с. Горно Оризари.
12. Предлог-решение за давање согласност на Статутот на ученички дом „Лазар Лазаревски“ Велес.
13.Предлог-решение за именување на членови на Комисијата за избор на добитник на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“.
14.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.