Дневен ред за 80 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-35/2
08.01.2008 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 80-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 14.01.2008 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13.00 часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 80-та седница на Советот на Општина Велес

1.Решение за запирање од објавување на решение за разрешување и именување на претставници на Општина Велес-членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци
- Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес-членови на училишен одбор на Основно општинско училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци.
2.Предлог-решение за разрешување и именување на претставник на Општина Велес – член во Училишниот одбор на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков „Велес.
3.Информација за соработката на НВО и Општина Велес.
4.Советнички прашања

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с,р.