Јавни набавки

Тендер за набавка на антивирусно решение за Општина Велес

Оглас за барање за припбирање на понуди за набавка на антивирусно решение за Општина Велес: Објавен на веб страницата на Министерство за финансии, Биро за јавни набавки    


                             

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА НАБАВКА НА АНТИВИРУСНО РЕШЕНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС


Антивирусното решение треба да биде проектирано за:

• Microsoft Windows XP                    -    80 работни станици
• Lotus Domino Application сервер   -    1 лиценца
• Microsoft Windows 2003 сервер     -    8 сервери
• Internet Gateway                          -    1 линк кон интернет



1. Антивирусното решение, кое се однесува на  Microsoft Windows XP работните станици, Lotus Domino Application сервер  и Microsoft Windows 2003 сервер треба да ги задоволува следните услови:

  • Клиент сервер базирано решение.
  • Централизирана Администрацијата и инсталацијата на клиенти.
  • Централизирано симнување на вирусни дефиниции и нивна внатрешна дистрибуција (можност за online надградба на дефинициите кога клиентот не се наоѓа во корпорартивната мрежа).
  • Централизирано менаџирање со клиентските опции и закажување термини за скенирање на клиентските машини.
  • Централизиран систем за праќање аларми и изработка на извештаи.
  • Персонален Firewall на клиентскиот дел.
  • Систем за детекција и превенција од напади на клиентскиот дел IDS, IPS.
  • Заштита од вируси, тројанци, спајвери, малвери и фишинг напади.
  • Скенирање на HTTP, POP3, SMTP на клиентите во реално време и интеграција со попознатите маил клиенти и веб прегледници.
  • Интеграција во Windows 2003 серверска околина.
  • Целосна Интеграција во Lotus Domino платформа и скенирање на e-mail пораки, бази на податоци и други документи што поминуваат преку платформата.


2.Антивирусното решение кое се однесува на  Internet Gateway треба да ги задоволува следните услови:

  • Решението да биде хардверски уред (Hardware Appliance) вградлив во 19 инчен орман.
  • Да поддржува минимум 100 онлајн корисници во исто време
  • Да има можност да работи во proxy мод и во transparent bridge мод
  • Да ги проверува во реално време следните протоколи HTTP,FTP,SMTP,POP3.
  • Автоматски да симнува вирусни дефиниции.
  • Да проверува од следните малициозни софтвери: Spyware, Virus, Keyloger, Trojan, Adware.
  • Да биде компатибилен со околина во која има Microsoft ISA 2004 во функција на Firewall и Proxy.
  • Да известува за вирусни инциденти.
  • Да праќа аларми и евидентира записи за вирусни инциденти.
  • Да поддржува блокирање според одредени URL-ови.


Понудата за решението, согласно погоре споменатите услови потребно е да биде доставена со следните податоци за лиценцирање:

?за надградбите на антивирусни дефиниции за една, две и три години наеднаш и за секоја следна година понатаму;
?за надградбите на Антивирусниот софтвер за една, две и три години наеднаш и за секоја следна година понатаму; и
?вид на техничка поддршка при користење и имплементација.

Набавката е деллива според точка 1 и 2.


Превземете ги следните документи кои треба да бидат поднесени до Комисијата за јавни набавки во Општина Велес: