Јавни набавки

Тендер за набавка на изведување на градежни работи на повеќе спортски терени во Општина Велес

Оглас за барање за прибирање на понуди за набавка на изведување на градежни работи на повеќе спортски терени во Општина Велес: Објавен на веб страницата на Министерство за финансии, Биро за јавни набавки


 

Технички спецификации

1. Реконструкција на ракометно игралиште во Градскиот парк
Асфалтерски  работи
Гребење на постоечки слој од асфалт на ракометно игралиште со товарање и одвоз на материјалот  46х27=1242
Машинско асфалтирање на завршен слој  АБ 11 С  д=5см   46х27=1242
Разни работи
Набавка транспорт и монтажа на метални столбчиња ф50 поставени на 1,50м во бетонски постоечки ѕид со висина од 3м со фиксирање на ограда од поцинкувана мрежа 23х3=69

2. Реконструкција  на Кошаркарско  игралиште во Градскиот парк
Претходни   работи
Бушење на отвори во постоечки ограден ѕид на растојание од 20 см и поставување на арматура ф 8 за остварување на врска на стар и нов ѕид на должина од 28+16=44м
Бетонски   работи
Шалување и бетонирање на парапетен ѕид со д=20см и висина од 40см (28+16)х0,40х0,20=3,52
Асфалтерски  работи
Гребење на постоечки слој од асфалт на кошаркарско  игралиште со товарање и одвоз на материјалот   28х16=448
Машинско асфалтирање на завршен слој со асфалт бетон АБ 11 С  д=5см   46х27=448                                        

3. Оградување на Спортски комплекс  (Ракометно и Кошаркарско игралиште и Атлетска стаза) -Средно економско училиште Јовче Тесличков Велес поранешно ОУ Трајко Андреев
Претходни   работи
Демонтажа на оштетена постоечка мрежа на  носива конструкција  23х6+(45+23)х4=410                                  
Разни работи
Поставување на дополнително укрутување од профил 18мм по цела должина со вкрутување на постоечки цевасти профили ф50
Фарбање на носивата конструкција од цевасти профили ф50 поставени на 2,50м  високи 4м и попречни вкрутувања  2 по цела должина                                                           23х6+(45+23)х4=410
Набавка и монтажа на нова мржа со потребни  укрутувања и фиксирање за постоечката конструкција 23х6+(45+23)х4=410

4. Набавка на спортска опрема  на Кошаркарско  игралиште во Кругот на Гимназијата Кочо Рацин
Разни   работи
Набавка , транспорт и монтажа на табли со кош конструкција и обрач 

 


Превземете ги следните документи кои треба да бидат поднесени до Комисијата за јавни набавки во Општина Велес: