биографија

Градоначалник на Општина Велес, М-р Славчо Чадиев

Славчо Чадиев е роден е 1959 година во Велес, Република Македонија. Основно и средно училиште завршува  во својот роден град Велес. Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград. Магистарски студии завршил на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје и ја носи титулата: Магистер - Сурдолог. Вработен е во „ЈЗУ Општа болница“ Велес, ОРЛ одделение.

Потпретседател е  на Сојузот на дефектолози на Македонија, долгогодишен соработник на Сојузот на глуви и наглуви на Република Македонија како и на “Заводот за глуви лица - Kочо Рацин” од Битола. Исто така е активен и во подружниците на „Сојузот на глуви и наглуви“ и „Сојузот на слепи лица“ во Велес.

Член е на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Велес . Носител е на советничка листа на локалните избори 2005 и 2009 година и е Претседател на Советот на Општина Велес до локалните избори во 2013 кога е избран за Градоначалник на Општина Велес.

Оженет и татко на две деца .Сопругата Весна Чадиева е доктор по паталошка анатомија , вработена во ЈЗУ Општа болница во Велес . Ќерката Билјана е доктор по општа медицина, а синот Александар е средношколец. Зборува Англиски јазик.  Негово хоби e риболовот.Голем љубител на спортот со посебен акцент на  карате вештината со која претходно се занимавал. Голем допринос има во создавањето и афирмирањето на   извидништвото во Велес.

Негова животна определба е кршење на бариерите  и   актуелизирање на третманот на лицата со пречки во развојот  како  и  нивно интегрирање во системот.