195 - Центар за управивање со кризи
195
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 195
Карактеристичниот број 195 граѓаните можат да го користат во било кој дел од денот, секој ден во седмицата, независно каде се наоѓаат на територијата на Република Македонија.
Со избирање на телефонскиот број 195 од Вашиот телефонски апарат воспоставувате директна врска со еден од осумте РЦУК во РМ. Од кој РЦУК ке ви се јави оперативниот дежурен зависи од локацијата на која се наоѓате.
Бирањето на телефонскиот број 195 е бесплатно, без разлика дали барателот користи телефонски апарат од фиксната или мобилната телефонија.
Врската со РЦУК се воспоставува со едноставно избирање на бројките 195 од бројчаникот на телефонскиот апарат без додавање на карактеристичниот број на градот.

Бројот 195 повикајте го ако неодложно ви е потребно:
- Итна медицинска помош,
- помош од противпожарна единица,
- помош од полиција,
- помош од служба за спасување,
- помош од ветеринарни установи и служби
- помош од други служби за заштита и спасување.
Бројот 195 повикајтего ако воочите:
- Пожар,
- истекување опасни материи,
- загадување на водите,
- неексплодирани убојни средства,
- сообраќајна несреќа,
- други ризици кои представуваат опасност по животот и здравјето на луѓето и животните, загрозување на имотот, животната средина и културното наследство.
Кога го повикувате бројот 195 дадете ги следните информации
- Опис на настанот,
- место на случување на настанот,
- време на случување на настанот,
- обем на несреќата,
- каква помош ви е потребна,
- вашите лични податоци,
- вашиот број на телефон за контакт,
- други информации кои ќе ги побара оперативниот дежурен во РЦУК.
РЦУК Велес контак телефон: 043/215-420, телефакс 043/215-425,
e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Повеќе информации на официална веб страна на ЦУК, cuk.gov.mk