Велешка питијада
Многу вкусови и едно големо дружење во име на хуманоста
Вкусовите на традиционалната пита пастрамајлија и годинава беа тема на
полемики, натпревар во квалитет и кванитет и се разбира гастрономско
уживање. Во чест на македонскиот зимски специјалитет, во ресторанот
„Розе сала“ по вторпат велешката питијада им понуди на учесниците и
посетителите вкусови од Велес, но и од повеќе градови во Македонија,
добро вино и добра музика. Во официјална конкуренција за наградата
пита-мајстор 2006 се натпреваруваа „Розе Сала“, Таверна „Деспина“,
пицеријата „Снупи“, бифе скара „Баже пити“ и ЗТД „Вила Зора“. Уживањето
во специјалитетот, но и во чашка добро вино го надополнија и гостите
пицеријата „Ема“, „Еко вита“ и винариите „Симеон Нацев“ и „Повардарие“
од Неготино, ресторанот „Чардак“ од Штип и „Кану“ од Кратово. Титулата
пита мајстор 2006 и годинава ја понесе пицеријата „Снупи“, а второто
место го поделија „Баже пити“ и „Розе Сала“.
Манифестацијата што се одржа во организација на
Општина Велес и Центарот за поддршка на невладини организации и
годинава имаше хуманитарен карактер. Дел од собраните сретства во
висина од околу 23.000 денари се наменети за дистрибуција на
хуманитарни пакети за членовите на Здружението на родители на деца
заболени од церебрална парализа, а дел за набавка за специјален софтвер
за еден член од Здружението на слепи лица Велес. За купување на
софтверот Општина Велес ќе донира уште 19.000 денари.
„Вкусот што секогаш потсетува на дом“ како што беше речено на манифестацијата, пред се понуди пријателска атмосфера, многу дружење и уживање во добра музика што го овозможија „Распеани велешани“ и дуетот „Кате и Тале“.
Во име на хуманоста, и годинава сите беа морални победници.
Питијадата преку слики:
„Вкусот што секогаш потсетува на дом“ како што беше речено на манифестацијата, пред се понуди пријателска атмосфера, многу дружење и уживање во добра музика што го овозможија „Распеани велешани“ и дуетот „Кате и Тале“.
Во име на хуманоста, и годинава сите беа морални победници.
Питијадата преку слики:
„Распеани велешани“ |
„Чардак“ - Штип |
„Баже Пити“ - Велес |
„Деспина“ - Велес |
ЗТД „Вила Зора“ - Велес |
„Симон Нацев“, „Ема“ и „Повардарие“- Неготино |
„Кану“ - Кратово |
„Розе Сала“ - Велес |