Работна средба на Коцевски со директорите на општинските училишта

Новиот закон за основно образование, реонизацијата, актуелните состојби, како и подготвеноста на основните и средните училишта за почетокот на учебната година беа во фокусот на средбата која градоначалникот денес ја оствари со сите директори на основните и средните училишта.

Повеќе...

Одржан Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019’

Денес, во водите на Вардар се одржа Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“ во организација на кајак клубот „Вила Зора“ од Велес, кој 24 години наназад го организира овој настан.
Во повеќе дисциплини беа постигнати следните резултати:

Повеќе...

Кајакарот Петрушевски најбрз на „Велес Опен 2019“

37 кајакари од земјава и соседна Србија денес учествуваа на отворениот Кајак слалом натпревар „Велес Опен 2019“ кој по тринаесетти пат се организира во Велес. Со резултат од 96,03 секунди Ангелче Петрушевски беше најбрзиот кајакар на денешниот натпревар.

Повеќе...

Градежни работи на улица „Љубљанска“

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на постоечката атмосферска сливна решетка на дел од улицата „Љубљанска” лоцирана во близина на ООУ „Блаже Конески“.Првата фаза е веќе завршена, а од следната недела градежните работи продолжуваат со реализација на втората фаза.

Повеќе...

Одбележан Денот на Армијата

По повод 18. август, во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес денес се организираше свеченост преку која се одбележа Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

На прославата беа поканети и присуствуваа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, преставници на јавните установи и служби, преставниците на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Северна Македонија има соработка.

Повеќе...

Како до подобра соработка со граѓанскиот сектор?

Граѓаните на Велес, претставниците на граѓански здруженија и јавната администрација покажаа голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност кој вчера и денес се одржува во хотел „Романтик“, на брегот на езерото „Младост”.

Семинарот е посветен на стратешкото планирање на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, финансиран од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy).

Повеќе...

Велес се простува од Ристе Ристевски

Денеска, на Градските гробишта „Св. Спас“ ќе бидат погребани посмртните останки на Ристе Ристевски истакнат интелектуалец и политичар од Велес. Во периодот 1982-1984 година Ристевски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на  Општина Велес. Во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како активен учесник во штрајкот на велешката гимназија, во 1942 година и како една од најавнгардните и најпрогресивните личности во Велес.

Повеќе...

Министерот Димковски во работна посета на Велес

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Велес на земјоделците им додели картички за мерката „Зелена нафта“. „За само една недела Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), низ своите подрачни единици во државата дистрибуира вкупно 33.331 персонализирана платежна картичка за зелена нафта или тоа е околу 60% од она што треба да се дистрибуира.

Повеќе...

Најмладите велешани на климатска рехабилитација на Кожуф

По осумнаесетти пат годинава, „Друштвото на родители за грижа за здраво поколение“ од Велес, го организира едукативниот камп „Климатска рехабилитација”.Кампот се одржува  во периодот од 5. до 11. август 2019 година, на планината Кожуф, во детското одмаралиште „Михајлово”. Триесетина деца од Велес, се дел од проектот „Климатска рехабилитација“.

Повеќе...