Децата на Велес ги разубавеа Велигденските празници
Во организација на Општина Велес и Бирото за развој на образование, по
повод најголемиот Христијански празник по вторпат во Велес се
одржа манифестацијата „Велигденско јајце“. На манифестацијата
учествуваа ученици членови на ликовните секции од сите основни и средни
училишта во општината кои твореа во Младинскиот парк. Насликаните
велигденски јајца беа изложени на продажна изложба,а собраните средства
ќе се искористат за потребите на ликовните секции во училиштата.
Манифестацијата која и годинава побуди голем интерес кај граѓаните на
Велес, особено кај децата, ја збогати и Театарот за деца и младинци од
Скопје кој на сцената во амфитеатарот во Младинскиот парк ја одигра
претставата „Црвенкапа“.
Градоначалникот Аце Коцевски во изјава за медиумите ја поздрави
манифестацијата која според него е веќе традиционална. „Покрај тоа што
придонесува за развој на творештвото кај децата, оваа манифестација
придонесува и за негувањето на традициите на македонскиот народ
поврзани со најголемиот Христијански празник Воскресение Христово
Велигден“ ,рече Коцевски.