Велес ќе добие нов духовен храм

ImageМитрополитот Дебарско - кичевски, Плаошко - Струшки и администратор Повардарски господин Тимотеј и Митрополитот Брегалнички господин Агатангел во придружба на свештенството од Повардарската Епархија го осветија камен темелникот на новиот духовен храм во Велес, посветен на сесловенските просветители, светите браќа „Кирил и Методиј“. На осветувањето и свеченото поставување на камен темелникот присуствуваа и голем број Верници и граѓани на Велес.

„Македонската Православна црква гради повеќе храмови во Република Македонија кои значат силна потпора на верата, а најсилен столб на верата е оној што веќе е положен, нашиот спасител Исус Христос“, рече Господин Тимотеј при осветувањето на камен темелникот.

Image

Image Црквата „Св. Кирил и Методиј“ се гради во Младинскит парк, на локација до гимназијата „Кочо Рацин“. Автор на проектот е Тодор Паскали. Црквата ќе биде изградена во византиски стил,ѕидарија во камен –травертин со вметнати теракотни елементи.

Димензиите на црквата се 16,20х31 м. Црквата ќе има сутерен и приземје поради конфигурацијата на теренот. Во сутеренот ќе биде сместена крстилница и помошни простории, а во приземјето, наосот, олтарот и влезаниот трем. Се очекува изградбата на храмот да заврши до мај наредната година.
Со изградбата на црквата Младинскиот парк во Велес ќе претставува центар на културни и духовни збиднувања.

Слики од поставувањето на камен темелникот:



Image

Image

Image


Image

Image

Image


Image

Image

Image


Image

Image

Image


Image

Image