9-ти Ноември одбележан со свечена седница
Во своето обраќање пред присутните гости на седницата, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги презентираше постигнатите резултати и реализираните проекти во изминатиот период. „Пред Општина Велес стојат бројни предизвици. Нашата мисија Велес да биде убава, посакувана општина за живеење, економски развиена, општина на среќни граѓани со висок степен на социјална сигурност, културен центар на Македонија, продолжува. Ве уверувам дека Велес и понатаму ќе биде општина за пример, лидер на реформите и генератор на позитивни вредности“, рече меѓу другото Коцевски, најавувајќи амбициозни проекти за претстојната втора фаза од процесот на децентрализација меѓу кои развојот на индустриски зони, уредувањето на крајбрежниот појас на езерото Младост и изградба на комунална инфраструктура.Тој изрази благодарност до Советот на Општина Велес, донаторите и меѓународните организации кои придонесоа Велес да стане општина за пример како и до граѓаните на Велес за нивната поддршка во изминатиот период.
На свечената седница на Советот на Општината, на спортистите Пепи Манасков и Тодор Мијаков - Кошот им беше доделена наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2006 година. На седницата беа доделени и деветоноемвриските признанија на добитниците за 2006 година:
Спомен-плакета 9-ти Ноември
-Општинско средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес
-Трговско претпријатие „Снупи“
Благодарница 9-ти Ноември
-Семејството на Перо Коробар
-Програма за развој на Обединетите Нации – УНДП
Американска агенција за развој – УСАИД
Пофалница 9-ти Ноември
-Андријана Димитриевска – пијанист
-М-р Јулијана Папазова Жабева – пијанист
-Зоран Љутков – актер
-Гордана Митова-спортист
-Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа.
Свечената седница беше збогатена со пригодна културно уметничка програма во чии рамки настапија Серафина Фантаузо, Јасмина Чакар, Зоран Даскалов и Милка Ефтимова.
Слики од добитниците на плакетите, пофалниците, благодарниците и наградите за животно дело: