Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план

Согласно член 134 и 135 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр.13-1689/1).

Подносител на барањето:
ДПТТ "МИСА-МГ" дооел експорт импорт Скопје
Адреса: "Боро Менков" бр. 3а/2-6, 1000 Скопје-Бутел
Локација на инсталацијата: Наоѓалиште м.в. ГРООТ Општина Велес
Координати на локацијата: 41°44`46.93"N   21°44`48.01"E
Контакт лице: Миланчо Дамески – управител
Тел/факс: 02/3120 098
Категорија на инсталација: Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини
Вид активности: Површинска експлоатација на железно-никлоносна руда до 50 000т/годишно.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 11.05.2009 -11.06.2009г., во просториите на:
 
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 07.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
                                  

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров