Дозвола за усогласување со оперативен план
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Издавање на Дозвола за усогласување со оперативен план
Согласно член 134 и 140 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр.53/205, 81/05, 24/07, 159/08), Градоначалникот на Општина Велес издаде Дозвола за усогласување со оперативен план (бр. 08-2816/1) на:
Подносител на барањето:
ММ "ИНВЕСТМЕНТ" ДОО Скопје
Седиште: ул. "Народен фронт" бр. 5/3-1 Скопје-Центар
Адреса на инсталацијата:
ММ Инвестмент ДОО Скопје Винарска визба ЛОЗАР
"Скопски пат" бб. 1400 Велес
Координати на локацијата:
41°44`05.91``N 21°46`40.03``E
Контакт лице:
Антонио Џолев – претставник на раководството за управување со заштита на животната средина, тел: 043/212-622; e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Категорија на инсталација:
Обработки и преработки наменети за производство на храна од растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 т/ден.
Вид активности:
Преработка на грозје и производство на вино, вински дестилат и јаки алкохолни пијалоци – 65 т/ден готов производ
Дозволата за усогласување со оперативен план може да се даде на увид на заинтересираната јавност во просториите на:
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 07.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров