Заврши проектот за времено вработување на 98 ангажирани лица во Општина Велес
Во изминатите шест месеци 98 лица од Општина Велес, со поддршка на Владата на Република Македонија беа работно ангажирани во ЈКП Дервен, во вршење на јавни работи - чистење, уредување и озеленување на општината. Општина Велес како организатор на јавните работи активно учествуваше во целокупната организација на спроведувањето на проектот.
Во периодот од шест месеци се работеше на уредување на Градскиот парк, Градскиот стадион, другите зелени површини во општината, се исчистија пристапните влезови во градот, дел од населба Превалец, градските гробишта, брегот на река Вардар, Дервенски поток, крајбрежен појас на езерото Младост, се исчистија од отпад и нероганизирано зеленило површините пред стамбените згради на целото градско подрачје и континиурано се одржуваа 27 градски улици. Лицата се вклучија во пошумувањето на голините на Велес и општинската комунална депонија.
Во проектот вкупно собрани се 3.693 м3 отпад, исфарбни се оградите на сите училишни дворови, како и ракофатите и оградите на 16 локации во општината.
Освен 98 времено ангажирани вработувања, со проектот се овозможи дополнителна поддршка со човечки ресурси на јавното комунално претпријатие за уредување на општината; ефикасно и ефективно вршење на јавни работи за краток временски период; времено ублажување на социо-економската состојба на лицата и нивните семејства, а генерално, општината има подобар визуелен изглед.