Животна средина
Средба на Градоначалникот со претставници на
РЕЦ и на Холандското министерство за надворешни работи одговорна за
Западен Балкан
На 10.02.2006г. Општина Велес ја посетија г-ѓа Катерина Стојковска- директорот на РЕЦ (канцеларија во Македонија) и г-ѓа Зумрета Јахич-Борич-специјалист за животна средина на Министерство за надворешни работи од Холандија, одговорна за земјите од Западен Балкан.

Цел на средбата беше да се најде интерес и да се
идентификуваат потреби за финансиска помош на земјите од Западен
Балкан, за да се изготви Регионална програма за соработка на овие
држави во делот на животната средина.
На средбата се разговараше за последиците по животната средина од загадувањето и приоритетните проблеми за разрешување.
Градоначалникот особено ги акцентираше проблемите со присуство на тешки метали во почвата во урбаните и земјоделските површини, депониите за опасен отпад, комуналните и индустриските отпадни води, проблемите со крајбрежниот појас на езерото "Младост" и реката Бабуна.
Во центарот за поддршка на НВОи се одржа и средба со еколошките НВОи од општината.